Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема причина за паника поради можни прекини на струја оваа зима.
Тој, исто така, ги повика граѓаните да трошат помалку енергија, а државната компанија ЕДФ да ги рестартира нуклеарните реактори за да спречи прекини оваа зима.
Во интервју за францускиот ТВ канал TF1, снимено за време на државната посета на Макрон на Соединетите Американски Држави, францускиот претседател посочи дека ризикот се должи на недостигот на електрична енергија предизвикан од несоодветното управување со програмата за рестартирање на нуклеарниот реактор ЕДФ, пренесува Ројтерс.
