Овошен сок и витамин Ц.
100% природен овошен сок е класичен лек за мамурлак. Течноста, витаминот и шеќерот брзо ќе ви ја вратат енергијата.
Вода
Доколку испиете поголеми количини вода веднаш по будењето, ќе спречите дехидрација на организмот, а доколку ја збогатите водата со лажичка мед ефектот ќе биде уште подобар. Може да помогнат и газираните пијалоци.
Овошје
Јадете што е можно повеќе свежо овошје, особено банани, киви, јаболка или лимони. Ова е одлично за да се надоместат изгубените електролити и железо.
Млеко
Течноста богата со калциум ја подобрува функцијата на црниот дроб и промовира побрзо ослободување на токсините од телото.
Лек против болки
Аспиринот или бруфенот ќе ја ублажат главоболката, но во случаи на мамурлак избегнувајте андол и ацетисал, бидејќи може да го оштетат црниот дроб ако се земаат по консумирање алкохол.
Антиоксиданси
Меѓу најдобрите природни лекови против мамурлакот се ѓумбирот, грејпфрутот, морковот, спанаќот, темното чоколадо, јаткастите плодови и зелените и црните чаеви.