10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Кина донираше 100 милиони долари на Куба за да и помогне да ја надмине огромната економска криза

Кина донираше 100 милиони долари на Куба за да и помогне да ја надмине огромната економска криза влошена од пандемијата на коронавирус, изјави во саботата вицепремиерот на островската држава Алехандро Гил.

Донацијата дојде кога кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја заврши посетата на Кина, дел од неговото ретко патување во странство.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и Дијаз-Канел се сретнаа и изјавија дека сакаат дополнително да ги зајакнат односите меѓу Пекинг и Хавана.

Гил, кој е и министер за економија на Куба, рече дека парите ќе бидат наменети за „приоритетите“ на островот, кој е потресен од најтешката економска криза во последните три децении.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести