20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Блинкен: Бајден има намера да избегне ширење на конфликтот во Украина, Америка не сака војна со Русија

„Американскиот претседател Џо Бајден има намера да избегне ширење на конфликтот во Украина, Америка не сака војна со Русија“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Потребно е да се избегне ширење на конфликтот во Украина. Напротив, сакаме да го прекинеме, во никој случај да не го прошириме. Не сакаме војна со Русија, а особено не сакаме трета светска војна. Тоа не е она кон што се стремиме“, изјави Блинкен во телевизиско интервју за Франс 2.

Како што додаде, Вашингтон сака мирот во Украина да биде не само на хартија, туку и на терен, како и долгорочен. Според Блинкен, дијалогот меѓу Русија и Украина е секогаш можен.

Тој исто така нагласи дека САД нема да ги одредуваат условите за преговори за Украина. „Тоа ќе биде одлука на Украина и ние ќе ја поддржиме“, прецизира тој.

Вашингтон во контакт со Москва

САД остануваат во контакт со Русија бидејќи има важни теми за разговор, рече Блинкен.

„Одржуваме контакти со Русија, бидејќи има сериозни моменти за кои треба да се разговара. На пример, продолжуваме да одржуваме контакти со Русија бидејќи се плашиме дека тие ќе користат нуклеарно оружје, што би било катастрофа“, изјави американскиот секретар за Стејт истакна, додавајќи дека САД „досега не виделе дека Москва се движи во таа насока, но дека загриженоста останува“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести