6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

БЕСПЛАТНИ ШВАЛЕРСКИ СОВЕТИ

Мажите, особено надобудните самобендисани швалери, ќе се залепат за некоја жена која е тешка како црна земја, и се чудат зошто не им оди. Наместо да се чудат, губат време и самодоверба, нека ја сменат жената, и побараат една од овие:

Жени незадоволни со своите животи

Жените кои не се задоволни со својот живот бегаат од реалноста. На една страна без задршка го омаловажуваат она што го имаат, а на друга страна идеализираат и така се доведуваат себе во состојба на некритичност, станувајќи лесна цел на заводникот кој ја навлекува на куса сексуална авантура.

Кај овие жени се е веќе подготвено, таа има своја одлука дека она што е нејзин живот нечини, и веќе бара нешто друго, па добра серија од разбирање, согласување, комплименти и подигање на нејзиното его и самодоверба е сосема доволно да биде плен за швалеот со искуство.

Она што е лошо во оваа комбинација е тврдото и болно приземјување на жената потоа… но, ова е водич за швалерите, а не за жените незадоволни од своите животи.

Жени во депресија

Има разлика помеѓу првоспомнатите, и депресивните. Незадоволните од својот живот си донеле одлука за тоа, и влегуваат во акција барајќи промени. Депресивните се предале, се обвинуваат себеси, и се доживуваат како жртви на некого или нешто, пропаѓаат и немаат план за ништо, туку очекуваат нешто да се случи само од себе.

Сите знаеме барем неколку жени кои се често во депресија, и создаваат драма и напнатост од својата жртва и онаму каде што за тоа нема причина.

Жените склони на депресија не ја кријат својата положба, зборуваат за тоа и така се однесуваат сметајќи дека се казнети без вина со тежок живот и немање среќа во него. Е, таа комуникација на овие жени е магнет за швалерите кои се нудат да ја усреќат, со разбирање согласувајќи се со сите нејзини тешкотии и драми се додека не ја однесат во кревет. Потоа, нејзината депресија станува обврска за швалерот која тој, заради швалерската природа, неможе да ја поднесе и ја напушта. Следи нова драма, и нова депресија… а, ако има среќа, депресивната жена ќе налета на нов швалер.

Жени кои сакаат да им угодат на другите

Тоа се оние навидум постојано расположени жени кои велат дека усреќувањето на другите е темел на нејзината среќа. Тука се да им се најдат на пријателите, да ги слушаат нивните тајни, проблеми и планови, да имаат разбирање и да дадат поддршка за разочараните пријателки и роднини.

Швалер со интинкт и искуство ваквите ги забележува оддалеку. Настапува како човек кој копнее по внимнаие и пријателство, кој исклучително ја цени туѓата добрина и отвореност. Лик кој е благодарен ако жената му даде поддршка и разбирање. И, го добива тоа од неа. За задоволството да биде потполно, во таа атмосфера на близина и сплотеност, сексот е неизбежен. По сексот, жената е задоволна затоа што успеала некого да крене на нозе, да му учини и да го направи среќен верувајќи дека е тоа доказ на нејзината моќ и позитивна енергија. Задоволен е и швалерот, секако. Така, оправен и дигнат на нозе, заминува понатаму, а таа, која толку сака да им угоди на другите, останува сама.

Жена која има бујна фантазија

Овие жени се недвосмислено најлесен плен за заводникот. Тие просто се нудат да бидат жртви на швалеите кои секогаш имаат возбудлива приказна за неа, егзотична и неповторлива ситуација која жената ќе ја возбуди и сама по себе.

За кусо време швалерот сознава што и треба, и токму тоа го нуди. Нејзината биографија, емоции, карактер… стануваат за него најважни во животот, и тоја почнува да ја воздигнува со планови за иднина, комплименти за нејзинот вкус, воодушевеност од духовитоста и нејизниот карактер, од нејзиниот хороскоп и избор на музика. Таа веќе не е на земја, туку на седмото небо на возвишеноста.

А на седмото небо ја чека швалерот во кревет. Да ја прослават возвишеноста заедно.

Нема да помине многу време, а нејзиниот карактер, вкус и духовитост ќе му станат здодевни, и се поретко ќе ги спомнува пред неа. Плановите за заедничка иднина, ќе останат тоа што се – планови за иднина, но секако не зедничка.

Жена на која заводливоста и сексот и се оружје

Секаде наоколу има вакви типови жени. Со време научиле, или барем тие веруваат во тоа, дека заводливоста, еротичноста и секуалноста на жената се основно оружје во нејзината комуникација со околината, привлекувањето на мажите, успехот во општетсвеното позиционорање… Така се облекуваат, така се однесуваат и така делуваат – истакнувајќи ја својата сексипилност.

Тие се убедени дека мажите ги интересира првенствено секс, а потоа се друго и не се ни трудат да изградат други содржини кај себе со кои би комуницирале со машкиот дел од светот. А и да изградат, сето тоа е комбинирано со нагласената секусланост која според нив мора да се види и забележи. И да се стави во функција.

За швалерите освојувањето и сексот со овие жени е како годишен одмор. Пауза помеѓу вистинските напорни освојувања на останатите типови жени, кога со малку труд и напор овие жени се освоени и сексот се случува речиси на поминување. Иделно за потреби на швалерот.

Секако, штом е тоа цената за секс – швалерот ќе ја потврди нејзината теза дека мажите се егоисти кои само секс ги интересира, и не гледаат никакви други квалитети и содржини кај жената.

Но, штом го добијат тоа по кое тргнале, швалерите заминуваат, а овој тип жени продолжува да живее со истата предрасуда – дај им секс, и си им дал се на мажите.

Со години никој на овие жени никако не успева да им објасни зошто ниту еден маж не е подготвен со нив да влезе во врска во која ќе остане заедно да го споделат остатокот од живоот. А, и ако влезе, не останува долго, а времето минато заедно им е исполнето со инциденти, љубомори и навреди. Веројатно не било се само во сексот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести