16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Кривична пријава против скопјанец за узурпација на недвижности и бесправно градење

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Р.М.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” по член 225 и „бесправно градење” по член 244-а од Кривичниот законик.
Пријавениот, во текот на 2022 година, на катастарска парцела на место викано „Ветерник“ во  с.Кондово, скопско, узурпирал плодно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија и, со намера да го стави во свое владение, го употребил за изградба на објект од тврда градба без да поседува одобрение за градење, издадено од надлежен орган согласно чл.56 ст.1 од Законот за градење.
Притоа, тој извршил и нелегално сечење на дрвна маса околу узурпираниот простор на површина од 500 метри квадратни, со што неповратно ги уништил природните својства на простор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести