Унгарија цврсто се држи до ставот дека не испраќа оружје во Украина, изјави денеска унгарскиот министер за одбрана Кристоф Салај-Бобровнички и нагласи дека е неопходно да се врати на преговарачка маса и да се реши конфликтот што е можно поскоро.
– Унгарија непоколебливо се придржува до својот став да не испорачува оружје на Украина – изјави Салај-Бобровнички.
Министерот за одбрана посочи дека Унгарија му дава сеопфатна помош на Киев и го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници.- Покрај тоа, сериозно сме загрижени за можноста за натамошна ескалација – изјави тој и додаде дека е неопходно за да се спречи НАТО да стане директна страна во конфликтот во Украина.
Исто така, министерот повика на итно враќање на преговарачка маса за да се реши конфликтот.
– Преговорите спасуваат животи – заклучи Салај-Бобровнички.