9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Ма основачот на Алибаба се крие во Јапонија !?

Ма, основачот на гигантот за е-трговија Алибаба, кој некогаш беше најбогатиот човек во Кина, ретко е виден во јавноста откако го критикуваше односот на кинеските регулатори кон технолошките компании на самитот во Шангај пред две години.

Фајненшл Тајмс, кој е во сопственост на јапонската медиумска компанија Никеи, откри дека Ма живее во Јапонија.

Повикувајќи се на анонимни извори, весникот наведува дека Ма со семејството живее во Токио речиси шест месеци. „Фајненшл тајмс“ пишува дека Ма го поминува времето одејќи во скијачките центри во едно јапонско село и редовно патува во САД и Израел.

Ма, познат по својата отворена природа и ексцентричност, ги обвини регулаторите за задушување на иновациите. Неговите коментари, наводно, го налутиле кинескиот претседател Си Џинпинг.

Кинеските регулатори ја блокираа продажбата на акции на Alibaba од 34 милијарди долари во подружницата за онлајн плаќања на Alibaba, Ant Group, што би била најголемата понуда на акции во историјата.

Пекинг, исто така, нареди Алибаба да продаде дел од своите медиумски средства, вклучително и хонгконшкиот весник Саут Чајна Морнинг Пост.

Неколку месеци подоцна, Алибаба беше казнет со рекордни 2,8 милијарди долари поради антиконкурентни практики.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести