Овен
Љубов:
Инсистирањето на своите потреби во врската со саканата личност води кон нови спротивни решенија и потиснати очекувања.
Работа:
Вие упорно смислувате нова стратегија, но некој друг работи поефикасно и делумно ги загрозува вашите деловни интереси.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои премногу ве исцрпуваат психички.
Бик
Љубов:
„Деталите“ кои мудро ги премолчувате имаат повеќе значење од работите кои му ги соопштувате на љубовниот партнер. Расположени сте за некоја возбудлива забава.
Работа:
Според вас, нечија приказна делува неубедливо и претерано, па се потпирате на личното расудување и способности.
Здравје:
Треба да ја подобрите вашата психофизичка подготвеност.
Близнаци
Љубов:
Партнерот нема намера трпеливо да ја чека вашата одлука, туку презема изненадувачки чекор и иницијатива. Логично, се си има своја цена.
Работа:
Вашите примарни интереси се од практична природа. Можете лесно да ги постигнете вашите деловни цели.
Здравје:
Во исхраната треба да внесувате повеќе течности и витамини.
Рак
Љубов:
Понекогаш треба да го исклучите разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“.
Работа:
Ве погодува нечие некоректно однесување или неправда во деловната соработка. Сепак, важно е работите да завршат на добар начин.
Здравје:
Не ги задржувајте ги вашите чувства или желби, опуштете се.
Лав
Љубов:
Можеби средбата со една личност не го претставува вашиот „сон за голема среќа“, но навестува ново искуство во вашиот емотивен живот.
Работа:
Ако сакате да ги покажете вашите интелектуални или практични способности, најдете си соодветен „ривал“.
Здравје:
Обрнете внимание на правилната исхрана.
Девица
Љубов:
Треба да ја разберете нечија емоционална слабост или неспособност да ги исполните вашите очекувања. Не бидете премногу строги.
Работа:
Некој се обидува да ве убеди во неговите добри намери, но јасно ви е дека работите изгледаат неубедливо и поинаку.
Здравје:
Обидете се да го разубавите вашето расположение.
Терезија
Љубов:
Блиската средба со една личност станува неизбежна и е добра можност да се соочите со вистината.
Работа:
Обрнете внимание на новите информации и прифатете интересна идеја што претставува потенцијална добивка.
Здравје:
Ќе ви годи активен одмор и повеќе часови здрав сон.
Скорпија
Љубов:
Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери.
Работа:
Ако сакате да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, треба да имате прецизни цели.
Здравје:
Обидете се правилно да ја насочите вашата позитивна енергија.
Стрелец
Љубов:
Премногу чувствително реагирате на разни ситници, партнерот не забележува работи кои за вас имаат поинакво значење.
Работа:
Доколку некој ве предупреди да ги промените вашите барања во деловната и финансиската соработка, прифатете одреден компромис.
Здравје:
Важно е да постигнете психолошка рамнотежа.
Јарец
Љубов:
Зрачите со добра волја и емотивна нота, а вашиот партнер има чувство за убавото и корисното. Прекрасно се надополнувате.
Работа:
Обрнете внимание на различни детали во преговорите, бидејќи работите кои имаат важно значење често остануваат скриени меѓу редови.
Здравје:
Важно е да се усогласат мислите и чувствата.
Водолија
Љубов:
Важно ви е да се однесувате како перфекционист, кој држи сè под строга контрола или под будното око.
Работа:
Деловно-финансискиот или личен предизвик секогаш може да се претвори во успех кој остава добар впечаток на околината.
Здравје:
Важно е правилно да ја канализирате вашата креативна енергија.
Риби
Љубов:
Обрнете внимание на личноста која ве гледа со заљубен поглед или со топла насмевка на усните. Препуштете се на вашата инспирација.
Работа:
Прифатете нови идеи со намера да ги проширите вашите хоризонти. Некој ве насочува кон креативно изразување и дејствување.
Здравје:
Почестете се со вашата омилена забава, како поттик за добро расположение.