23.8 C
Skopje
среда, јуни 12, 2024

Турција: Шведска и Финска презеле „позитивни чекори“ во борбата против тероризмот

Турција вели дека Шведска и Финска презеле „позитивни чекори“ во борбата против тероризмот, услов што го постави Анкара за да го поддржи нивниот влез во НАТО, но тие треба да направат повеќе за да ги исполнат барањата на Анкара, вели турскиот министер за надворешни работи.

„Новата влада во Шведска е порешителна од претходната и со задоволство го прифаќаме тоа. Тие направија законски измени и сето тоа се позитивни чекори“, вели министерот Мевлут Чавушоглу на прес-конференција во Букурешт, на маргините на Состанок на НАТО.

Министрите за надворешни работи на Шведска, Финска и Турција се сретнаа во вторник на маргините на тој состанок. Но, турскиот министер додаде дека без оглед на „убавите зборови и одлучноста“ на двете нордиски земји, Турција сепак очекува „конкретни мерки“.

Турција ги обвинува Шведска и Финска за попустливост кон Курдистанската работничка партија (ПКК) и нејзините сојузници, како што се Единиците за заштита на народот (YPG), и од мај го блокираше влезот на двете нордиски земји во Атлантскиот сојуз.

Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО во мај како одговор на руската инвазија на Украина.

Унгарија, земја во НАТО која не го ратификуваше влезот на Шведска и Финска, тоа ќе го направи во првиот дел од февруари 2023 година, изјави за новинарите во средата во Букурешт шефот на финската дипломатија Пека Хаасвисто. Тој додаде дека Турција се уште не одредила датум.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести