Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата.
Новите стадиони се последните во долгата листа на згради кои повеќе не можат да се справат со зголемените цени на енергијата.
Градот Секешфехервар е еден од многуте што ги затвора своите музеи, библиотеки и театри за зима, пренесува AFP.
Јавните простори се тие што го прават градот. Никој не се радува на овие мерки, но луѓето ги прифаќаат затоа што се неопходни – изјави градоначалникот Андраш Чер-Палковиќ.