2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Спасовски: Институционален приоритет е сообраќајната инфраструктура и подобрување на капацитетите во насока на безбедност на патишта

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се обрати на работилница за преглед на капацитетите за управување со безбедноста на патиштата во организација на Министерството за транспорт и врски и Светска банка како дел од важниот проект на Владата на Република Северна Македонија за поврзување на локалните патишта, поточно за рехабилитација на локалните сообраќајници, финансирано со средства од Светска банка.

Спасовски констатираше дека за Министерството за внатрешни работи, согласно законските надлежности и обврски, сегментот на безбедност во сообраќајот и понатаму ќе биде институционален приоритет, како поради фактот што безбедноста во сообраќајот непосредно влијае врз развојот – плановите, концептите, идеите – на сообраќајната инфраструктура и капацитети, така и поради најчувствителното прашање од аспект на полицијата – заштитата на материјалните добра и сигурноста на граѓаните во сообраќајот.

„Како министерство целосно ги ставаме на располагање потенцијалите на нашите соодветни служби, дотолку повеќе што за министерството односно полицијата, како непосредно инволвирана институција во делот на безбедноста на сообраќајот, е особено важно прашањето за квалитетно управување со безбедноста на патишта и подобрувања на капацитетите во истата насока, на регионално и на локално ниво.“, ја изрази подготвеноста на министерството, министерот Спасовски.

Министерот Спасовски посочи дека препораките односно приоритетните активности за безбедност на патиштата изнесени во Извештајот, како краткорочна стратегија за инвестирање, се и тоа како потребни, реални и остварливи, не само во поглед на Агенцијата за безбедност на патиштата, туку и во делот на потребните нови нормативни решенија, финасирањето, опсервацијата и еваулацијата, промовирањето и, бездруго – истражувањето и развојот.

„Интегрирана база на податоци за безбедност на патиштата и систем на анализа“, како и „Истражувањето за индикатори за безбедност во сообраќајот за 2023 година“ и „Кампањи за јавност и подигнување на јавната свест за полициските програми“, се од огромно значење во превентивно – едукативното делување. Убеден сум дека на тој начин ќе се постигне посакуваниот квалитет – конституирање на функционален и сеопфатен безбедносен систем, што во крајна  линија ќе стане еден од столбовите на генералниот Проект, чии што дел е Извештајот.“, констатираше  министерот Спасовски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести