8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Британија: Руските сили планираат „прилично големи воздушни напади“ против Украина

Се чини дека руските сили планираат „прилично големи воздушни напади“ против Украина, изјави денеска аналитичар за безбедност и одбрана од Британија.

Професорот Мајкл Кларк, поранешен директор на  Британскиот Институт за безбедност и одбрана, го изјави ова во интервју за Sky News.

„Има многу сателитски снимки од руски воздушни бази кои кружат на Твитер, се чини дека може да има голема активност во воздухот“, рече Кларк, додавајќи дека руските сили „полека напредуваат“ кон клучниот град Бахмут на истокот на Украина.

Што се однесува до регионот Херсон во јужна Украина, Русите таму на источниот брег на реката Днепар „копаат длабоко за зимата и подготвуваат ровови“, рече Кларк.

„Русите го удираат Бахмут веќе четири недели и се обидуваат да го нападнат од три правци. Се чини дека напредуваат на југ“, додаде Кларк.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести