7.8 C
Skopje
недела, јануари 15, 2023

Пешевска: Најостро ги осудуваме говорите на омраза и сексистичките навреди на навивачката група Балисти, ЈО да покрене соодветна постапка за инцидентот

Најостро го осудуваме инцидентот во Тетово предизвикан од страна на припадници на навивачката група „Балисти’’. Во нивното објавено видео се слушаат извици со етнички и сексуални навреди кои се повеќепати извикувани. Со ваквиот однос се забележува и говор на омраза од страна на навивачката група Балисти по повод 30-годишен јубилеј.


За овој скандалозен инцидент не слушнавме никаква реакција од страна на надлежните институции, од МВР и ги повикуваме веднаш најостро да го осудат  и санкционираат овој чин со кој се шири говор на омраза и сексизам.


Очекуваме и од останатите чинители, од политичките партии, меѓународните организации за заштита на човековите права, женските организации како и Клубот на пратенички во собранието најостро да го осудат ваквиот начин на делување со што би се спречиле идни вакви дејствија. Ова не е прв инцидент на навивачи од оваа навивачка група, пред само четири години ваквиот начин на ширење на меѓуетнички тензии заврши и со физички напади.


Власта наместо да толерира, а со тоа и да одобрува вакви инциденти, најитно да преземе превентивни мерки, а за навредливите скандирања и говорот на омраза, потребно е од страна на Обвинителство да се прецизира кривичното дело и да се покренат адекватни постапки за лицата учесници во случајот.


Поаѓајќи од демократските принципи на меѓусебното почитување, а во насока на создавање на здраво општество во кое секој ќе се чувствува безбеден и слободен, ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува ова девијантно однесување.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img