20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Шпионски афера ја тресе Грција

Меѓу прислушуваните имало претставници на опозицијата, новинари, владини претставници, бизнисмени и полицајци.

Весникот, чии новинари го истражувале овој случај веќе неколку месеци, пишува дека цел на прислушувањето бил поранешниот шеф на грчката полиција Михалис Карамалакис, чиј мобилен телефон бил прислушуван со помош на софтверот „Предатор“. Акцијата ја спровела Националната разузнавачка служба (EYP), а по наредба на актуелниот премиер Киријакос Мицотакис.

Во извештајот се наведува дека Националната разузнавачка служба прислушувала повеќе од сто телефонски броеви. Меѓу прислушуваните се опозицискиот политичар Никос Андрулакис, обвинителот Христос Бардакис, како и влијателните новинари Тина Месаропулу, Танасис Кукакис и Ставрос Михалудис. Интересно е што премиерот Мицотакис наредил и прислушување на сопствените советници и луѓе од доверба. Премиерот Мицотакис е тој што директно ја надгледувал работата на Националната разузнавачка служба. Тој ги отфрлил сите обвинувања на весникот Документо. Опозицискиот лидер Алексис Ципрас го повика премиерот „да престане да се крие“, да излезе пред јавноста и да одговори на обвинувањата.

 Обвинувањата за прислушување нарачани од премиерот Мицотакис се недокажани и неосновани. Опозицијата се обидува да создаде политичка аномалија за да го оправда поразот што ќе го претрпи на следните избори – изјави Јанис Оиконому, портпарол на премиерот.

Иронијата е што весникот „Документо“ наведува дека меѓу соработниците на премиерот кои биле прислушувани бил и неговиот портпарол Јанис Оиконому.

Скандалот со прислушувањето во Грција првпат изби на почетокот на август годинава, кога Панајотис Контолеон, тогашен шеф на Националната разузнавачка служба, пред парламентарната комисија изјавил дека разузнавачката служба го прислушувала новинарот Танасис Кукакис, кој е експерт за финансиски измами. На почетокот на овој месец, Европскиот парламент ги обвинил властите во Атина, како и три други членки на Европската унија, дека го користат системот „Предатор“ за прислушување на нивните граѓани.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести