5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Калајџиев: Колку и на јавноста да и изгледа чудно, укинувањето на пресудата во случајот “Трезор” е добра вест за правната држава!

Професорот. д-р Гордан Калајџиев ја коментираше минатонеделната пресуда на Апелационот суд кој одлучи да го врати на повторно судење за предметот “Трезор” во кој имало суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.

Колку и на јавноста да и изгледа чудно, укинувањето на пресудата во случајот “Трезор” е добра вест за правната држава! Имено, колку и да “се знае” кои се “лошите”, вината мора да се ДОКАЖЕ во кривичната постапка; инаку веднаш ги бесиме! напиша Калајџиев на својот профил на Фејсбук.

Апелациониот суд Скопје во петокот извести дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М., Г.Г., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.

При разгледување на пресуда, како што стоеше во соопштението, Апелациониот суд Скопје констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести