23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги измами граѓаните, ветуваше кули и градови, а донесе сиромаштија, рекордна инфлација, криминали неуспеси и порази

Димитар Ковачевски ги измами граѓаните. Ветуваше кули и градови, а донесе невидена сиромаштија за граѓаните.

Ветуваше поддршка на стопанството и индустријата, а за една и пол година се затворија 12 илјади компании. Но затоа компанијата која тој ја основал не само што добивала државна помош, туку и добивала вносни бизниси во време кога тој бил на функција.

Ветуваше раст на стандардот, а инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Ковачевски е најодговорен зошто Македонија со 20% има една од највисоките стапки на инфлација во Европа, а меѓу десет земји во светот со најголема инфлација на цената на храната.

Ветуваше справување со енергетската криза, а наместо сопствено производство се трошат секој ден милиони за увоз на струја или за испросување на енергенси.

Ветуваше висок раст на БДП, а Македонија е меѓу последните во Европа според растот на БДП, единствено полоши се прогнозите за Русија и Украина.

Ветуваше стабилна економија, а добивме енормен раст на долгот кој ги надминува 8,5 милијарди евра.

Само порази, криминал и неуспеси се резултатот од оваа влада. Нивната неспосбност е епска!

Димитар Ковачевски  со лаги и измами не се носи иднина! Стани Ковачевски да те види народ!

Стани Ковачевски, собери храброст  и соочи се со своите граѓани!

https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/621694246405037

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести