9.8 C
Skopje
сабота, март 2, 2024

ХАОС: Патник паднал од крузер, го нашле по 15 часа

Патникот кој исчезна од брод за крстарење во Мексиканскиот залив е спасен откако поминал повеќе од 15 часа на море, соопшти американската крајбрежна стража.

Младиот човек (28) во средата вечерта со својата сестра бил во кафеана на брод за крстарење. Во еден момент и рекол дека оди во тоалет и никогаш не се вратил.

Потрагата по него набрзо започнала, а во водата бил забележан дури во четвртокот вечерта, на 30-тина километри од брегот на Луизијана.

Спасувачите велат дека младиот човек е во стабилна состојба.

„Тој беше во вода повеќе од 15 часа. Тоа е најдолгото што сум слушнал, па затоа ова би го нарекол чудо на Денот на благодарноста“, изјави полковникот на крајбрежната стража Сет Грос.

Грос изјави за Си-ен-ен дека овој случај не наликува на ништо што го видел во неговата 17-годишна кариера и дека среќниот исход „покажува волја за живот, а тоа е нешто што треба да го земете предвид во секој случај за пребарување и спасување“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести