Кристина Бердински, украинска новинарка, објавила дека нејзините роднини побегнале од Херсон по „насилното гранатирање“ на градот синоќа и утринава. „Москва им се одмаздува на Херсон и неговите жители кои не ја прифатија окупацијата.
Попладнево пристигнаа нови информации за руското гранатирање на ослободениот Херсон. Гувернерот на Херсон објави дека пациентите се евакуираат од градските болници поради гранатирањето.
„Поради континуираното руско гранатирање, ги евакуираме пациентите од болниците во Херсон“, објави на Телеграм Јарослав Јанушевич, гувернерот на Херсон. Тој додаде дека децата од регионалната клиничка болница ќе бидат префрлени во Миколаев, додека 100 пациенти од регионалната психијатриска болница во Херсон ќе бидат префрлени во Одеса.
