-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Столтенберг: Ќе се справиме со илегалната војна на Русија во Украина

НАТО ќе продолжи да стои покрај Украина и да помага се додека е потребно и нема да отстапи од тоа, изјави денеска Јенс Столтенберг.

Столтенберг, говорејќи за претстојната конференција на дипломатите на НАТО следната недела во Букурешт, најави дека главна тема и понатаму ќе биде руската агресија врз Украина.

„Ќе се справиме со илегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евроатлантскиот мир и безбедност. Претседателот Владимир Путин доживува неуспех во Украина и тој реагира сè побрутално“, рече тој на прес-конференција.

Тој посочи дека има се повеќе бранови на ракетни напади врз градовите и цивилната инфраструктура, со цел да се прекине снабдувањето со електрична енергија.

„Ова е ужасен почеток на зимата за Украина. Ова се исто така тешки времиња за остатокот од Европа и светот. Сите ние ја плаќаме цената за војната на Русија против Украина. Но цената што ја плаќаме е во пари, додека цената Украинците плаќаат е во крв“, подвлече тој.

Тој рече дека ако му се дозволи на Путин да победи, цената за се ќе биде многу повисока, и тоа за многу години.

„Доколку Путин и другите авторитарни лидери видат дека силата победила, тие повторно ќе ја искористат за да ги постигнат своите цели. Ова би го направил нашиот свет поопасен и кревок“, предупреди тој.

Затоа е во безбедносен интерес на сите да продолжи да ја поддржува Украина.

Тој подвлече дека Русија е агресор, а Украина е жртва на агресија и дека има право да се брани и додаде дека НАТО и неговите членки помагаат да се оствари тоа право.

„Нема да има траен мир ако победи агресорот и ако угнетувањето и автократијата надвладеат над слободата и демократијата“, додаде тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести