9.8 C
Skopje
сабота, март 2, 2024

147 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. 

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за непрописно престигнување и обиколување…

Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести