5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Жителите на Пекинг од четврток ќе мора да докажат дека се негативни за да влезат во која било јавна зграда

Жителите на Пекинг од четврток ќе мора да докажат дека се негативни за да влезат во која било јавна зграда.

Властите на кинескиот главен град соопштија дека за влез во трговски центри, хотели, владини згради и фабрики, ќе биде потребен доказ за негативен тест за коронавирусот во претходните 48 часа.

Одлуката доаѓа по порастот на бројот на инфекции, што предизвикува загриженост за националната економија.

Кина вчера пријави 28.127 нови случаи на коронавирус и со оваа бројка се приближи до највисокиот дневен биланс на нови инфекции регистрирани во април.

Во главниот град Пекинг, бројот на заболени секојдневно достигнува нови највисоки нивоа, поради што градските власти апелираа до граѓаните да останат во своите домови.

За првпат од мај, регистрирани се и два смртни случаи кои здравствените власти му ги препишаа на Ковид-19 и три беа потврдени во текот на викендот. /МИА

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести