8.8 C
Skopje
сабота, ноември 26, 2022

Курти го одложи за 48 часа изрекувањето на казните за влез на граѓани со таблички КМ

Амбасадорот на Соединетите американски држави на социјалните мрежи ја изрази својата загриженост поради неуспехот да се постигне договор меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, вчера во Брисел и му предложи на премиерот на Косово го одложи спроведувањето на казните.

Курти му се заблагодари на Ховениер и потврди дека го прифаќа неговото барање.

 Вчера во Брисел се сретнаа српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак.

Двете страни не постигнаа договор затоа што, како што рече Борел на прес-конференцијата, Курти не го прифатил барањето на европските функционери за стопирање на сите дејствија поврзани со пререгистрацијата на возилата.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img