Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија се подготвила за тешкотии поради недостигот на руски гас.
Тој исто така додаде дека земјата е подготвена да ја помине зимата без прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Тој рече дека Владата донела одлука за продолжување на работата на термоцентралите и нуклеарните централи и додаде дека се полнат складишта за гас и дека се градат терминали преку кои ќе се прима течен природен гас (ЛНГ).
„Таквите одлуки ни помогнаа да обезбедиме стабилност на енергетските извори во Германија и веројатно ќе ја пребродиме оваа зима“, рече Шолц.
Германија доби околу 60 милијарди кубни метри природен гас преку гасоводот Северен тек 1 во 2021 година.
Гасоводот неодамна беше оштетен за време на саботажа, а Берлин сега игра на картата за увоз на ЛНГ, но мора да изгради доволен број терминали кои ќе можат да го примаат гасот, додава руската новинска агенција.
Досега само еден е завршен и ќе започне со работа во јануари, а владата планира да изгради седум мобилни терминали за прием на ЛНГ на бреговите на Северното и Балтичкото Море со капацитети од над 30 милијарди кубни метри до крајот на 2023 година.
