Овен
Љубов:
Во врската со саканата личност не е се како што би сакале, но се може да се подобри со поголема доза на искреност и разбирање.
Работа:
Позитивните модели можат да послужат како добро решение за некои контроверзни ситуации. Побарајтете некој со повеќе знаење или искуство.
Здравје:
Бидете повнимателни во сообраќајот, избегнувајте стресни ситуации.
Бик
Љубов:
Не дозволувајте сомнежот кон вашата сакана личност или лошото расположение да преовладува во вас. Потребна ви е позитивна ориентација.
Работа:
Се наоѓате во необична деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега остануваат незадоволително одговорени.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со напорни обврски.
Близнаци
Љубов:
Во избрано друштво и со нечии емотивни стимулации, светот околу вас изгледа многу подобро и поубаво. Опуштете се.
Работа:
Користите премногу строги критериуми за да ги заштитите вашите интереси во деловно-финансиските преговори.
Здравје:
Важно е да постигнете психолошка рамнотежа.
Рак
Љубов:
Ви недостига трпение, а на партнерот му недостасува храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги меѓусебните страсти.
Работа:
Не ви се допаѓа нечија улога на деловни состаноци, но не треба да се оптоварувате со проценување на туѓите вредности.
Здравје:
Обрнете внимание на правилната исхрана.
Лав
Љубов:
Во средбата со саканата личност, сè изгледа речиси идеално, не треба да го расипувате впечатокот за заедничка среќа.
Работа:
Понекогаш е неопходно да се користи „тајната формула“, која носи голем успех и лично задоволство. Докажете дека имате професионални манири.
Здравје:
Важно е да ја подобрите вашата психофизичка подготвеност.
Девица
Љубов:
Важно е да се подготвите за романтична средба. Некој дополнително ја поттикнува вашата имагинација и позитивното расположение.
Работа:
Понекогаш е тешко да се усогласат спротивставените гледишта што постојат во справувањето со деловните интереси. Не дозволувајте некој да ви наметне инфериорна позиција.
Здравје:
Нема причина многу да се грижите, опуштете се.
Вага
Љубов:
Важно е да ги разберете оние што ги сакате. Потрудете се да постигнете емоционална блискост и да исполните нечии потреби.
Работа:
Влевате голема самодоверба, бидејќи во некои критични ситуации сте способни да ја донесете вистинската одлука.
Здравје:
Во одлична форма сте.
Шкорпија
Љубов:
Забележувате дека вашиот партнер итро и вешто ги игнорира вашите идеи. Не можете да влијаете на нечија волја и одлуки.
Работа:
Избегнувајте прекумерна изложеност во друштво на колегите. На крајот на краиштата, секогаш постои факторот изненадување.
Здравје:
Обрнете внимание на поздрав начин на исхрана.
Стрелец
Љубов:
Чувајте ја вашата смиреност кога се среќавате со вашата сакана личност. Понекогаш лесно го губите чувството за реалност. Гледајте на работите со поголем оптимизам.
Работа:
Можете да ги реализирате вашите деловни планови на интелигентен начин и без непотребни разговори. Прифатете различни стимулации.
Здравје:
Нема причина да се оптоварувате со лажни претчувства.
Јарец
Љубов:
Користете некои скриени адути. Во односот со саканата личност, љубовните намери можете да ги остварите на заобиколен начин.
Работа:
Јасно ви е дека некој ви ги загрозува деловните и финансиските интереси, но вашите напори не носат позитивен ефект.
Здравје:
Не дозволувајте да ве оптоваруваат со никакви дополнителни или заморни обврски.
Водолија
Љубов:
Изгледате вознемирено и со многу барања. Контролирајте ја импулсивната страна на вашата природа пред да повредите нечии чувства.
Работа:
Важно ви е да оставите одличен впечаток кај колегите, па во мегаломански стил прифаќате разни обврски.
Здравје:
Обрнете внимание на поздрав начин на исхрана.
Риби
Љубов:
Во приватниот живот бидете доволно внимателни во изјавите и воздржани во однесувањето пред партнерот.
Работа:
Евентуалниот конфликт со една личност може да прерасне во непријатна ситуација или во деловно-финансиска загуба.
Здравје:
Посветете ги вечерните часови на омиленото хоби, опуштете се.
