Овен
Љубов:
Покажете разбирање за вашето семејство. Не можете да игнорирате некој близок, бидејќи порано или подоцна, тоа повторно ќе ве прогонува.
Работа:
Дипломатската нота понекогаш станува неизбежна, а деловниот компромис е единственото правилно решение.
Здравје:
Потребна ви е психолошка рамнотежа.
Бик
Љубов:
Искрените емоции секогаш имаат лековито дејство, чувајте го вашето внимание на саканата личност. Уживајте во вашата среќа заедно.
Работа:
Понекогаш треба да се користат различни мерки на претпазливост. Доволно сте разумни за да ги заштитите вашите деловни интереси во критични ситуации.
Здравје:
Релаксацијата ќе ви годи, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Изгледате премногу анксиозно и имате лошо чувство, но за среќа вашиот партнер знае како да ве расположи во вистинскиот момент.
Работа:
Се обидувате да го одложите состанокот со колегите кои очекуваат конкретни одговори или одреден тип на деловна концесија.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои ја нарушуваат вашата концентрација или психолошка рамнотежа.
Рак
Љубов:
Изгледате вознемирено, но за разлика од вас, вашиот партнер точно знае што сака или што чувствува. Затоа, не дозволува менување на заедничките планови.
Работа:
На пропуштената шанса не треба да се гледа како на голема загуба, туку како на добар поттик за идните деловни и финансиски планови.
Здравје:
Планирајте ја вашата омилена забава како поттик за вашето добро расположение.
Лав
Љубов:
Партнерот точно знае што сака да постигне. Блиска личност не ви дозволува да користите нови изговори за да ги одложите заедничките планови.
Работа:
Не треба да се грижите за нечии коментари и пропуштена шанса. Сегашната „загуба“ претставува нова лекција во деловното однесување.
Здравје:
Опуштете се во блиско друштво.
Девица
Љубов:
Изгледате вознемирени од помислата дека некој емотивно ве запоставува. Тркалото на среќата се врти, бидете потрпеливи.
Работа:
Нечии одговори може да се толкуваат на различни начини, но вие имате лошо претчувство и се плашите од можен неуспех.
Здравје:
Размислете за подобра здравствена превенција.
Вага
Љубов:
Ограничете ги вашите емотивни желби и очекувања на „разумна мерка“. Без разлика на вашата упорност, не можете да ја промените одлуката на партнерот.
Работа:
Постапувате самоуверено пред личност која ги тестира вашите знаења и професионални способности. Обрнете внимание на туѓите корисни совети.
Здравје:
Важно е да ги избалансирате разумот и чувствата.
Скорпија
Љубов:
Топлите емоции секогаш имаат лековито дејство, затоа внимавајте на вашата сакана личност. Планирајте омилена забава.
Работа:
Не вреди да се изложувате на голем ментален напор или да се спротивставувате на личност која ужива добра репутација и широко деловно влијание.
Здравје:
Насочете ги вашите мисли во позитивна насока.
Стрелец
Љубов:
Ако ви е важно да му угодите на партнерот, размислете како треба да ги презентирате своите идеи.
Работа:
Објаснувате работи кои вашата околина добро ги знае, но не се осмелува да ги прифати.
Здравје:
Важно е правилно да ја канализирате вашата енергија.
Јарец
Љубов:
Саканата личност има добри намери, но не успева да ви го пренесе сето она што би сакале да го слушнете или видите.
Работа:
Не верувате во нечии ветувања и затоа проверувате различни информации кои влијаат на деловната соработка.
Здравје:
Избегнувајте ги обврските кои премногу ве заморуваат.
Водолија
Љубов:
Ви пречи да знаете дека на партнерот повремено му недостасува инспирација, храброст или искреност. Направете нешто во врска со тоа.
Работа:
Одбивате да прифатите нечија услуга која ве обврзува на партнерство под одредени услови.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
Риби
Љубов:
Во врска со блиска личност чувствувате задоволство, правите се што е потребно за да го споите убавото со корисното. Ускладете ги вашите мисли и чувства.
Работа:
Она што го замислувате, можете да го постигнете. Понекогаш треба да ги слушате реакциите или коментарите на колегите. Соберете корисни информации.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
