1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

(ВИДЕО) Ријана објави нова песна „Born Again“

Ријана објави нова песна „Born Again“, која ќе се најде на саундтракот на новиот филм на Марвел, „Black Panther: Wakanda Forever“. Тоа е втора песна на Ријана објавена во последните неколку недели и двете песни се направени за споменатиот филм на Марвел.

Песната „Born Again“ собра повеќе од 313.000 прегледи за помалку од десет часа на YouTube и е потенцијално новиот голем хит на Ријана.

Пред неколку недели Ријана ја објави песната „Lift Me Up“ која е направена за саундтракот на новото и долгоочекувано продолжение на филмот „Black Panther“, а за помалку од две недели собра 33 милиони прегледи на YouTube и брзо се искачи на врвот на музичките топ листи во светот и беше прогласена за „песна на неделата“.

Исто така, „Lift Me Up“ е посветена на прерано починатиот актер Чедвик Бозман, кој ја играше улогата на Црниот Пантер во првиот дел и во „третата фаза“ на Марвел.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести