Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не ја „треснал вратата“ на потенцијалните мировни преговори со Руската Федерација.
„Не ја треснав вратата. Реков дека ќе бидеме подготвени да разговараме со Русија – но со друга Русија. Онаа што е навистина подготвена за мир. Онаа што е подготвена да признае дека тие се окупатори… Но само ако вратат сè. Земјата, правата, слободата, парите. И што е најважно, правдата“, рече Зеленски во интервјуто за Си-Ен-Ен што беше објавено вчера.
Тој додава дека засега освен ултиматум, ништо друго не слушнал од актуелниот претседател на Руската Федерација Владимир Путин.
„И досега не сум слушнал дека се подготвени да ги прифатат условите на Украина – ниту од Путин, ниту од кој било друг руски функционер“, рече Зеленски.