6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Трамп ја поздрави „брилијантната“ кампања на републиканците додека гласаше во Палм Бич

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поздрави „брилијантната“ кампања на републиканците додека гласаше во Палм Бич, Флорида.

„Мислам дека ќе имаме многу голема ноќ и ќе биде многу возбудливо да се гледа“, им рече тој на новинарите, повикувајќи ги луѓето да излезат и да гласаат.

Одговарајќи на прашање за републиканците што ги поддржа, тој рече:

„Мислам дека тие се одлични кандидати, навистина мислам дека тоа беше брилијантна кампања“.

Запрашан дали планира да објави претседателска трка во 2024 година, тој рече:

„Мислам дека вторник ќе биде многу возбудлив ден за многу луѓе“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести