Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поздрави „брилијантната“ кампања на републиканците додека гласаше во Палм Бич, Флорида.
„Мислам дека ќе имаме многу голема ноќ и ќе биде многу возбудливо да се гледа“, им рече тој на новинарите, повикувајќи ги луѓето да излезат и да гласаат.
Одговарајќи на прашање за републиканците што ги поддржа, тој рече:
„Мислам дека тие се одлични кандидати, навистина мислам дека тоа беше брилијантна кампања“.
Запрашан дали планира да објави претседателска трка во 2024 година, тој рече:
„Мислам дека вторник ќе биде многу возбудлив ден за многу луѓе“.
