2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Путин: Никогаш нема да го дозволиме тоа

„Таканаречените пријатели на Украина ја турнаа ситуацијата до степен што стана опасна за Русија и самоубиствена за украинскиот народ“, изјави Путин денеска во Москва, според извештаите на руските новински агенции.

Путин рекол дека политиката на Запад е насочена кон „слабеење, поделба и уништување на Русија“.

„Никогаш нема да го дозволиме тоа. Ќе ја заштитиме нашата татковина како што тоа го правеа нашите предци“, рече рускиот лидер во говорот пред историчарите и верските претставници.

Тој уште еднаш го означил украинското раководство како неонацистичко и рекол дека режимскиот конфликт меѓу двете земји бил неизбежен.

Путин ѝ наредил на својата војска да ја нападне соседната земја на 24 февруари годинава. Во Русија, 4 ноември се слави како Ден на националното единство во спомен на протерувањето на полските трупи од Москва во 1612 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести