8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Џеј Ло буквално ги нападна папараците! (Видео)

Ниту на светските ѕвезди не им е лесно. Иако изгледа дека се навикнати постојано да бидат следени од папараците, видеото со латино дивата Џенифер Лопез кое кружи по мрежите докажува дека понекогаш и ним им е „преку глава“ од таквиот живот.

Во споменатото видео е снимена средбата на познатата Џенифер Лопез со папараците, а во него се слуша женски глас и како еден од фотографите им вели на пејачката и нејзиниот сопруг Бен Афлек: „Честитам.“

Нервозната Џеј Ло намуртена помина покрај неа, а потоа, непосредно пред да влезе во автомобилот, се сврте и им дофрли на папараците: „Никој не сака да го следите секој ден. Никој!

Пејачката повеќе од очигледно е дека била бесна, а потоа жената во позадина одговора: „Разбирам Џенифер. Разбирам.“

Средбата со папараците не му се допаднала ниту на нејзиниот сопруг Бен Афлек, а иако тој и неговата сопруга се на јавната сцена со децении, очигледно е дека не се навикнати постојано да бидат под лупата на медиумите.

Сепак, за луѓето со нивната позиција во светот на забавата и уметноста, тоа е неизбежно. Од друга страна, папараците само си ја вршат работата. Иако на ѕвездите често не им се допаѓа нивното присуство, исто така е точно дека тие придонесуваат за нивната популарност.

ВИДЕО ТУКА

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести