Градоначалникот на Киев изјави дека снабдувањето со електрична енергија и вода е обновено по еднодневните руски ракетни напади врз украинските енергетски објекти, вклучително и хидроцентралите, кои предизвикаа прекини на струја, прекини на мобилната телефонија и намалување на снабдувањето со вода.
„Водоснабдувањето во домовите на жителите на Киев е целосно обновено, соопшти градоначалникот, Виталиј Кличко.
Руските напади вчера, според украинските власти, предизвикаа прекин на водоснабдувањето на 80 отсто од населението на Киев, каде 350.000 домови исто така останаа без струја..
