Овен
Љубов:
Недоразбирањето во односот со партнерот ја илустрира разликата во мислењата, но секогаш постои начин да се усогласат желбите и можностите.
Работа:
Вашата аналитичка природа исто така станува важна предност пред вашите колеги. Имате добра моќ за набљудување и способни сте да ги оцените критериумите кои влијаат на конечниот исход.
Здравје:
Почестете се со подобра грижа во секој поглед.
Бик
Љубов:
Нема потреба да бидете премногу строги или каприциозни кон саканата личност, покажете повеќе нежност и разбирање во секој поглед.
Работа:
Важно е правилно да се разбирате со колегите или јасно да ги дефинирате заедничките правила во деловната соработка.
Здравје:
Избегнувајте нездрава исхрана или прекумерно консумирање цигари и алкохол.
Близнаци
Љубов:
Објаснете му на партнерот дека имате слични желби и интереси. Потребен ви е добар поттик и заеднички предизвик.
Работа:
Треба да смислите взаемно корисна акција. Сè е можно, ако правилно ги поврзете информациите што ги имате.
Здравје:
Во одлична форма сте.
Рак
Љубов:
Кога се среќавате со саканата личност, не можете да диктирате „љубовни правила“. Убаво е она што одговара на заедничкиот вкус и расположение.
Работа:
Добивате различни придобивки. Важно е да имате добар поттик и да ги реализирате вашите деловни намери.
Здравје:
Ќе ви годи некоја забава, како добра релаксација.
Лав
Љубов:
Не ви е дозволено да правите се што сакате, но не се откажувате лесно и упорно смислувате решение на заобиколен начин.
Работа:
Добро размислете како треба да се борите за подобра деловна позиција, не потценувајте нечија улога.
Здравје:
Бидете повнимателни во сообраќајот.
Девица
Љубов:
Ве привлекува комбинација на емотивна, страсна и интелектуална поврзаност, но на личноста која е во вашето друштво и недостига „нешто“ од тоа.
Работа:
За околината делувате привлечно и шармантно, но тоа не е доволна гаранција за деловен успех.
Здравје:
Социјалниот ангажман позитивно влијае на вашата ментална рамнотежа.
Вага
Љубов:
Покажете добра волја, не можете да очекувате среќниот епилог да дојде сам по себе. Ви треба нечие разбирање.
Работа:
Некој ве наведува да направите погрешен избор и се обидува да го ограничи вашето деловно влијание. Достоинствено прифатете ја моменталната позиција.
Здравје:
Избегнувајте стресни ситуации и ривалства.
Скорпија
Љубов:
Обрнете внимание на личноста која позитивно влијае на вашето расположение. Емотивната средба носи взаемно задоволство.
Работа:
Постојат различни околности кои ве забавуваат, некој не сака да ги слуша вашите идеи. Не го барајте невозможното.
Здравје:
Ќе ви годи прошетка или да поминете време во природа.
Стрелец
Љубов:
Бидете умерени во барањата пред саканата личност. Ќе ви годи средбата со блиски пријатели и нечие емотивно внимание.
Работа:
Нечија приказна има спротивен ефект врз вас. Нема потреба да се оптоварувате со амбициозни цели.
Здравје:
Обрнете внимание на правилната исхрана.
Јарец
Љубов:
Имате впечаток дека саканата личност не ги разбира вашите намери. Секој од вас е „приказна за себе“, со мистериозен вовед и необично однесување.
Работа:
Оптоварени сте со различни обврски, но околината очекува да решавате прашања од заеднички интерес и да делувате доволно ефикасно.
Здравје:
Доверувањето и разговорот позитивно ќе влијаат на вашата ментална состојба.
Водолија
Љубов:
Во љубовната врска добро се знае која е чија улога. Натерајте го вашиот партнер да ги исполни вашите очекувања. Бидете категорични.
Работа:
Се грижите да ги потврдите своите способности пред колегите, но не можете да се одлучите за најдоброто решение.
Здравје:
Треба да акумулирате позитивна енергија.
Риби
Љубов:
Избегнувајте предизвици или личност која има различни афинитети. Понекогаш е невозможно да се помират различните спротивности.
Работа:
Доколку премногу се уживувате во улогата на „дежурен критичар“, ве очекуваат негативни реакции. Бидете реални во вашите проценки.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
