6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

НАТО треба да испрати сигнал до Русија со распоредување хиперсонични ракети во Турција

Северноатлантската алијанса треба да испрати сигнал до Русија со распоредување хиперсонични ракети во Турција.

Ова го изјави експертот за национална безбедност Алп Севимлисој.

„НАТО треба да продолжи да ја поддржува Украина и да ги удвои нејзините напори за распоредување хиперсонични ракети како дел од стратешкото одвраќање долж Медитеранот“, рече тој.

„Мораме да ги сместиме во воздухопловната база Инџирлик во Турција“, рече Севимлисој, а пренесува „Дејли експрес“.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека инструментите за нуклеарно одвраќање на алијансата се користат за обезбедување на безбедноста на земјите-членки на асоцијацијата и заштита на нејзината територија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести