15.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Кличко: Западот да испрати ќебиња и генератори во Украина

Градоначалникот на Киев побара од Западот да испрати ќебиња и генератори во Украина за да ја преживее зимата.

Виталиј Кличко изјави дека неговата земја е очајна поради бројните напади на електраните и дека мрежата на главниот град работи во „вонредна состојба“, пишува Дејли Мејл.

Иако Кличко купи неколку генератори и доби 1.000 мобилни грејни места во Киев, стравувањата продолжуваат да растат бидејќи времето станува постудено, а Русите продолжуваат да ја напаѓаат клучната инфраструктура.

Тој вчера на Телеграм рече: „Поради значителен недостаток на електрична енергија – тоа е загуба од 20 до 50 проценти – енергетската мрежа на градот работи во вонредна состојба“.

Во истата порака, Кличко ги потврди извештаите на регионалниот гувернер и Укренерго, државната енергетска компанија, дека Киев и околниот регион ќе доживеат прекин на електричната енергија во наредните денови.

Истовремено, тој изрази надеж дека капацитетите на државната компанија Укренерго ќе бидат обновени во рок од две до три недели.

Украина се бори со прекини и грижи за тоа како системот ќе ја преживее зимата поради руските напади врз централите во изминатите две недели

Поради ова сериозно е оштетена 40 отсто од енергетската инфраструктура во Украина.

Во изјава за Телеграф, Кличко удри со тупаници на масата и рече: „Правиме се што можеме за да ги спасиме животите на нашите луѓе и да ги заштитиме. Но, оваа зима дефинитивно ќе биде голем предизвик за нас“.

Без ќебиња, рече тој, луѓето во земјата ќе замрзнат до смрт.

Електричната енергија моментално е еден од ретките методи што Украинците ги имаат за да ги загреат своите домови, бидејќи многумина живеат во згради разурнати од војна без гас или прозорци.

И стана очигледно дека студеното време се претвора во ново оружје за Путин, пишува Daily Mail.

Температурите во некои делови на Украина се очекува да паднат и до -20 степени Целзиусови во наредните денови.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести