15.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Љубовта помеѓу пејачката и актерот повторно е во криза ?!

Љубовта помеѓу пејачката и актерот повторно е во криза, пишува порталот шпанска „Марка“.

Откако пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек ја обновија својата љубов, сè се одвиваше како на филм. Делуваа вљубено како првиот ден. Не помина долго време, па организираа дури и две венчавки и делуваа среќно како никогаш досега. Сепак, се чини дека во „рајот“ има проблеми.

Според порталот шпанска Марка тие повеќе не живеат под ист покрив. Наводно, на пејачката која е доста активна, често вежба и води здрав живот, ѝ пречела пасивноста на Бен.

Неименуван извор близок до парот за споменатиот портал раскажал дека причина за проблемите била неуредноста и мрзеливоста на Бен. Тоа, едноставно, ја излудувало пејачката, па таквите ситуации во последно време предизвикувале чести кавги и Бен решил да го напушти заедничкиот дом.

Сепак, пејачката наводно е спремна да го спаси бракот, но актерот ќе мора да исполни одредени услови: цигарите да ги сведе на минимум, да се посвети на домашните обврски и да не остава неред на сите страни.

Од друга страна, Бен наводно изразил желба да се потруди да ѝ удоволи на Џенифер и се вратил во семејната куќа.

Сопружниците не се огласуваа по повод написот на шпаскиот портал, па и понатаму се шпекулира дали тие двајца ќе се смират или повторно секој ќе тргне по својот пат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести