14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Мицкоски: Наместо префрлање на топката од ДКСК на Владата, власта нека започне со разрешување на 120-те функционер

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Охрид рече дека ДКСК и Владата сега си ја префрлаат топката на одговорност околу аферата „Тајни имоти“.

„Зошто кријат имоти, тоа е вистинското прашање. Зошто ги кријат имотите и не ги пријавуваат ако тие имоти имаат потекло, се спечалени, купени на легален начин со работа инт. Зошто имаат потреба да ги кријат и да не ги пријавуваат? Тоа мене не ми е јасно“, рече Мицкоски.

„Па, сега прават некакви политички гимнастики, не сум јас виновен, ти си виновен, не е Владата, Антикорупциска е и сл. Ако навистина еве има чесна намера Владата и луѓето во Владата тогаш веднаш нека почнат со разрешување на овие повеќе од 120 функционери кои што во моментов кријат имот поголем од 30 милиони евра“, заклучи Мицкоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести