Кога Европскиот парламент гласаше USB-C да стане заеднички стандард за полнење уреди во регионот, беше прилично очигледно која компанија ќе биде најмногу погодена.
Се разбира, тоа е Apple. Иако технолошкиот гигант веќе има модели на iPad со USB-C порти, iPhone уредите сè уште ја користат портата Lightning. Сега, во интервју за Wall Street Journal, потпретседател на Apple за глобален маркетинг, Грег Јосвијак, потврди дека технолошкиот гигант ќе се префрли на USB-C конектори за да се усогласат со регулативите на ЕУ.
„Очигледно е дека ќе мора да се усогласиме“. Вака Јосвијак одговори на прашањето дали Apple се префрла на USB-C порта.
„Немаме друг избор освен да се придржуваме до локалните закони“, рече Јосвијак. Сепак, тој не кажа дали Apple планира само да направи поинаква варијанта на конекторот за европскиот пазар, додека да продолжи да продава телефони со Lightning конектори на други пазари.
Apple претходно наведе загриженост за животната средина кога не продаваа адаптери за полнење со нови уреди. Технолошкиот гигант соопшти дека на овој начин ќе се заштедат 861.000 тони метал, а ќе се заштеди и гориво, бидејќи повеќе Ајфони може да се сместат во транспортните контејнери.
Сепак, не сите беа убедени во објаснувањето на компанијата, а Apple беше казнет неколку пати во Бразил поради отстранување на адаптерот од пакувањето на iPhone.
Според новата одлука на ЕУ, Apple ќе мора да испорача уреди за iPhone и iPad со USB-C порти во тој регион до крајот на 2024 година.
