-5.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Рада Манојловиќ минува низ агонија поради лагите на нејзиниот обожавател

Пeјашката Рада Манојловиќ минува низ агонија поради лагите на нејзиниот обожавател, поранешниот учесник на реалното шоу „Парови“, Дарио Шогоровиќ.

Рада Манојловиќ во полиција го пријавила Шогоровиќ кој зборува за нејзини секс афери! Минатиот викенд отишла во полиција за да се заштити од полудениот обожавател, кој со недели не ја остава не и дава да се смири. Кога ја напуштила полицијата, Рада се огласила и рекла дека нема да мирува додека Шогоровиќ не биде испратен во затвор.

-Ќе го гоним затоа што таков човек припаѓа во затвор или во болница, затоа што му треба стручна помош. Апсолутно ништо не му направив на тоа момче и жал ми е што вака се однесува, но мора да биде свесен дека ќе ги сноси последиците! Секоја постапка предизвикува реакција, а неговата постапка беше непотребна, навредлива и понижувачка и без никаква причина – вели пејачот.

Рада до сега на настапите одела со сестра си Маја, но поради Шогоровиќ решила да ангажира обезбедување. Пејачката ангажирала двајца момци кои ќе бидат во чекор со неа.

Рада додава дека и претходно и се случувале слични ситуации, но не сакала јавно да зборува за тоа:

– Ова момче е само еден во низата манијаци кои занимаваат со мене! И претходно имам пријавено некои психопати во полиција. Имав слична ситуација, кога едно момче ме навредуваше и понижуваше само за да му се јавам!? Сигурнс сум дека во психијатријата има објаснување за вакви случаи, но јас не сум експерт и воопшто не сакам да навлегувам во тоа. Ми се гади од од Рада да ме озборуваат дека сум – кучка! Имам доверба во нашата полиција и се надевам дека добро ќе си ја заврши работата и ќе ме заштити мене и другите мои колеги кои, сигурна сум, имале слични искуства – истакнува таа.

Рада Манојловиќ се осврна и на фотографијата од гола жена за која полудениот обожавател тврди дека е таа.

– Девојката не ни личи на мене, не се ни потрудил да ја фотошопира сликата и да ми ја монтира барем главата. Лагата е толку очигледна што секој може без стручно мислење да види дека тоа не сум јас – завршува приказната на Рада.

Да потсетиме, Дарио Шогоровиќ е обожавател на Рада Манојловиќ, кој ја придружуваше на нејзините настапи и се сликаше со неа, а на јавноста и е познат и како поранешен учесник на „Парови“. Тој неиспровоциран неодамна на социјалните мрежи почна да ја навредува Рада велејќи дека е ѓубре кога се соблекува, дека и платил 10.000 евра и правел со неа што сакал, дека Рада на секој чекор го изневерувала поранешното момче Харис Берковиќ. .

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести