23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

(ФОТО) Илон Маск на Твитер разменил хумористични пораки со Дмитриј Медведев

Извршниот директор на „Тесла“ Илон Маск на Твитер разменил хумористични пораки со Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и близок соработник на Владимир Путин. Милијардерот ја пофали шегата на Медведев за британската премиерка во заминување Лиз Трус, што може дополнително да ги налути украинските власти кои веќе остро ги критикуваа „пријателските“ изјави на Маск за Русија.

Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка во четвртокот по 45 дена на функцијата, а Дмитриј Медведев напиша на Твитер: „Чао, чао Лиз Трус, честитки за зелената салата“, алудирајќи на шегата на британскиот таблоид „Дејли Стар“ за главица зелена салата која го надживеала премиерскиот мандат на Трасова.

Маск се појави да го пофали хумористичниот твит на Дмитриј Медведев: „Прилично добар трол, да бидам искрен“.

Маск потоа го прашал Медведев како се одвиваат работите во Бахмут, град во источна Украина во кој има брутални борби додека украинските сили се обидуваат да се спротивстават на напредувањето на руските трупи во областа.

Медведев на тоа одговорил: „Се гледаме во Москва на Денот на победата!

Маск се најде на удар на украинските власти во последните неколку недели, откако на Твитер објави предлог за преговори за прекин на огнот меѓу Русија и Украина.

Лидерите во Киев, вклучително и украинскиот претседател Володимир Зеленски, го критикуваа планот на Маск и го обвинија дека се однесува како папагал на Москва.

Маск сугерирал дека Украина треба формално да го признае Крим како дел од руската територија и покрај тоа што полуостровот беше анектиран од Москва во 2014 година. Тогаш Маск ги повтори тврдењата на Путин и неговите сојузници дека Крим формално бил дел од Русија од 1783 година, а тоа што станал дел од Украина била грешка на поранешниот советски лидер Никита Хрушчов.

Маск, исто така, предложи Украина да се согласи на референдум предводен од ОН во четирите окупирани украински провинции, каде на луѓето треба да им се дозволи да гласаат за приклучување кон Русија.

Неодамна Маск најпрво ја објави, а потоа ја повлече одлуката дека ќе ги укине своите сателитски интернет услуги „Старлинк“ кои и ги обезбедува бесплатно на Украина, а кои се неопходно средство за комуникација на украинските одбранбени сили.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести