11.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Бритни пак се сликаше гола (ФОТО)

Пејачката Бритни Спирс (40) во последно време не престанува да ги шокира обожавателите со своите објави, а сега отиде и чекор понатаму кога сподели фотографија на која е целосно гола.

Откако се ослободи од старателството на нејзиниот татко Џејми Спирс, музичката ѕвезда, според мислењето на многумина, целосно го загуби компасот.

Сега таа повторно ги изненади своите обожаватели со фотографија на која позира легната во кревет, покривајќи ги интимните делови со раката. Со фотографијата напишала и непримерна порака.

https://twitter.com/britneyspears/status/1582529873603534850?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1582529873603534850%7Ctwgr%5E42b930b4c3322ae0bcc196f503ba61345c9775a0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fzabavna%2Fbritni-pak-gola%2F

– Имам филмска премиера оваа недела, „Законодавниот акт на моето маче“ – напишала таа на Твитер.

Нејзините обожаватели не биле воодушевени од потегот, па тоа и го напишале во коментарите.

„Треба да застанеш и да размислиш за оние кои ве сакаат и како ваквите работи ќе влијаат на нив. Вие сте посилни од ова и сте сакани во вашето семејство“, „Не мора да го правиш ова и тажно е што мислиш дека мораш“, „Некој да и го одземе телефонот“, се само дел од коментарите на незадоволните следбеници.

Бритни веќе подолго време објавува разголени фотографии на социјалните мрежи, а нејзините обожаватели се загрижени за нејзиното однесување. Сепак, таа тврди дека се е во ред и нема потреба од грижа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести