Тој напиша дека Трус заслужува Нобелова награда за колапсот на британската економија.
„Нобелова награда за економија за најбрзо уништување на националниот финансиски систем треба да ѝ биде доделена на Лиз Трас“, напиша Медведев на Телеграм, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Британската канцеларија за национална статистика (ONS) претходно објави дека стапката на инфлација во Обединетото Кралство, поттикната од скокот на цените на храната, се зголеми на 10,1 отсто на годишна основа во септември. Во август таа изнесуваше 9,9 отсто, што е највисоко во последните 40 години.
Британската централна банка претходно објави дека британската економија влезе во рецесија. Една од најважните причини е вртоглавото зголемување на трошоците за енергија по неодамнешните настани во Украина.
БДП на земјава во вториот квартал годинава паднал за 0,1 отсто, а сличен пад се очекува и според резултатите од третиот квартал.
