3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Дронови го нападна центарот на Киев

 Експлозиите започнаа да одекнуваат рано утрината и продолжија во текот на денот, а не беше поштеден ниту централниот дел на Киев. Градоначалникот на градот Кличко, кој нападите ги нарече терористички акт, посочи дека се спасувачките екипи се уште бараат луѓе од под урнатините на неколку локации и ги повика граѓаните да не излегуваат од засолништата.

-Ова е терористички напад. Тоа е тука во историскиот центар. И што направи Русија, тие ја уништија нашата држава, тие го уништија нашиот град, тие убиваат цивили во моментов, и го гледаме тоа секој ден, ова е терористички напад, тоа е вистинското лице на оваа војна. На русите им е потребна Украина без украинци и затоа убиваат цивили.- Виталиј Кличко – Градоначалник на Киев.

Украинските власти објавија и дека на еден од дроновите кој бил соборен пишувало дека тоа е одмазда за рускиот град Белгород кој изминатиот период беше мета на напади од Украина. Русија во нападите користи ирански дронови „Шахид“, нешто што официјален Техеран го негираше. Инаку, покрај Киев, мета на напади беа и речиси сите поголеми украински градови. Нападите како и изминатите денови се насочени пред се кон енергетската инфраструктура и набрзо доведоа до прекин на електрична енергија во многу места ширум Украина. Во меѓувреме, НАТО денеска започнува со воени вежби кои ќе се одвививаат над Белгија и Северното море, а целта е заштита на територијата на Алијансата од потенцијален нуклеарен напад. Вежбата како што соопштија од НАТО е рутинска и не е поврзана со актуелните светски настани

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести