Бодибилдерот Рајан „Биг Риг“ Кроули претрпе сериозна повреда.
Кроули се здоби со тешка повреда на мускулот додека се обидуваше да крене 220 килограми на клупата за гради.
https://twitter.com/TheMoz_M/status/1373332747813543937?s=20&t=Gs299T5U1m7-auUw_qriNw
Мускулот на Кроули едноставно пукна додека подигаше огромна тежина. За среќа, членовите на тимот беа близу и успеаја да ги фатат тегови, затоа беше избегната посериозна повреда.
– Не можам да верувам што се случи. Јас комплетно го скинав мускулот до коска – напишал Кроули, кој веќе е опериран и ќе паузира неколку месеци.
