16.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Макрон: Не сакаме светска војна…

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави: „Не сакаме светска војна“.

„Ние и помагаме на Украина да се одбрани на своја територија, но никогаш да не ја нападне Русија. Владимир Путин мора да ја прекине оваа војна и да го почитува територијалниот интегритет на Украина“, додаде Макрон.

„Нема да користиме нуклеарно оружје дури и ако Русија го користи во Украина“ Со ова францускиот претседател се надоврза на претходната изјава во која тврди дека Франција нема да го користи своето нуклеарно оружје дури и ако Русија употреби нуклеарно оружје во Украина. „Нашата доктрина почива на основните интереси на нацијата“, рече тој за јавниот сервис Франс 2. „Тие се јасно дефинирани и нема да бидат директно засегнати доколку, на пример, има балистички нуклеарен напад во Украина, во регионот“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести