2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Лавров: Москва е отворена за разговори со Западот за војната, но дека се уште не добила сериозна понуда за преговори

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е отворена за разговори со Западот за војната, но дека се уште не добила сериозна понуда за преговори.

Лавров на државната телевизија изјави дека официјални лица, вклучително и портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, изјавиле дека САД се отворени за разговори, но Русија ги отфрлила.

“Тоа е лага“, рече Лавров. „Не добивме сериозни понуди за контакт“, додаде тој.

Лавров, исто така, рече дека Русија нема да отфрли средба меѓу претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден на следниот состанок на Г-20 и дека ќе го разгледа предлогот доколку го добие.

„Многу пати кажавме дека никогаш не одбиваме средби. Доколку има предлог, тогаш ќе го разгледаме“, изјави шефот на руската дипломатија.

Зборувајќи за можноста Турција да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Западот, Лавров рече дека Москва ќе биде подготвена да ги слушне сите предлози, но не може однапред да каже дали тоа ќе доведе до резултати.

Лавров додаде дека турскиот претседател Ердоган ќе има можност да му претстави предлози на Путин оваа недела во Казахстан.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести