Увозните цени во август се повисоки за 32,7 отсто во однос на истиот месец лани, по 28,9 отсто раст во јули.
Увозот на енергија бил повеќе од двојно поскап од август минатата година. Дестатис го издвојува поскапувањето на увезениот гас, чии цени биле четири пати повисоки од август минатата година. Во однос на јули тие се зголемени за речиси 50 проценти.
Уште повеќе поскапува струјата на годишно ниво, чии цени на берзата се речиси тројно зголемени. Во однос на јули и тие се зголемени за речиси 50 проценти.
Јагленот е три пати поскап од август минатата година, додека цената на нафтата пораснала за 58,8 отсто. Ако се исклучат енергетските производи, увозните цени во август биле повисоки за 13,2 отсто. Нагло пораснале и цените на увозните ѓубрива и лепила, повеќе од двојно во однос на ланскиот август.
За четвртина поскапела увезената храна. На месечно ниво, инфлацијата на увозните цени се искачила на 4,3 отсто, од 1,4 отсто во претходниот месец. Се очекувало зголемување од два отсто. Истовремено, инфлацијата на извозните цени е 18,6 отсто, наспроти 17 отсто во јули.
Двоцифрен раст бележат и извозните цени, за 18,6 отсто во однос на ланскиот август, забележува Дестатис. Во јули се зголемени за 17 отсто. Најмногу скокнале цените на извезените енергетски производи, кои биле повеќе од три пати повисоки од август 2021 година, утврдил Заводот за статистика, издвојувајќи над четири пати поголема цена на извезениот гас.