Северна Македонија доби четири милиони долари од продажбата на заедничкиот имот на поранешна Југославија во Њујорк, а ќе се искористат за потребите на МНР за купување објект за нашата мисија во Њујорк, информира денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.
-Тие средства пред два дена легнаа на сметката на нашата мисија во Њујорк и во меѓувреме Владата на својата седница во вторникот, на предлог на МНР, донесе одлука со тие средства, односно во рамки на тие средства бидејќи тие средства ќе одат во буџетот, меѓутоа во рамки на тие средства да се купува објект за нашата мисија во Њујорк и со остатокот од средствата во регионот. Така што, одиме кон искористување на средствата коишто доаѓаат од сукцесија директно за потребите на МНР, рече Османи.
