Нуклеарката која беше окупирана од Русија, а потоа прогласена за нејзин имот, ја добива енергијата потребна за ладење на реакторот, исклучиво поради дизел генераторите. Струјата во централата беше прекината околу 1 часот по полноќ.
„Постојаното гранатирање што го погоди единствениот надворешен извор на енергија на централата е целосно неодговорно“, рече генералниот директор на мегународната агенција, Рафаел Гроси.
„Наскоро ќе отпатувам за Руската федерација, а потоа ќе се вратам во Украина за да договорам заштитна зона и зона за нуклеарна безбедност околу централата. Ова е апсолутен и итен императив“, изјавил Гроси.
